Орбан: Земјите од Западен Балкан треба што поскоро да влезат во ЕУ

Премиерот на Унгарија,Виктор Орбан кој е во официјална посета на Босна и Херцеговина изјави дека поради војната во Украина важноста на Западен Балкан е зголемена и дека земјите од тој дел на Европа треба што поскоро да влезат во ЕУ.
По средбата со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, Орбан изјави дека поради војната во Украина, важноста на Западен Балкан е зголемена и дека земјите од тој дел на Европа треба да се приклучат на Европската Унија што е можно поскоро.

Во Сараево, Орбан се среќава и со членовите на Претседателството на БиХ, како и со федералниот премиер Нермин Никшиќ. Тој попладнево отпатува за Бања Лука каде ќе го пречека претседателот на БиХ ентитетот Република Српска, Милорад Додик.

Треба да знаете
Последни објави