Рубен Невеш потпиша за Ал Хилал, а ќе игра за Њукасл

Рубен Невеш (26) потпиша договор со Ал Хилал, но како што стојат работите тој нема да одигра ниту еден натпревар за овој клуб. Португалецот наредната сезона ја одигра во Њукасл како позајмен играч.

Ал Хилал, на Вулверхемптон му плати оштетта од 55.000.000 евра, а фудбалерот доби годишна плата од 17.000.000 евра.

Интересно е што газда на двата клуба е Инвестицискиот фонд ПИФ, со кој раководи премиерот и министер за одбрана на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

На овој начин Њукасл ќе може да донесе скапо засилување без да г си направи проблем со финансискиот фер-плеј.

Доколку навистина се случи таква трансакција, тоа ќе биде објава на војна на УЕФА и финансискиот фер-плеј.

Да потсетиме, Њукасл е блиску до потпис на Милан, Сандро Тонали за 75.000.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави