Советот на амбасадори за ставањето на Мерко на „црната листа“ во САД предлага и ЕУ да создаде слични механизми за високите функционери на земјите од Западен Балкан кои се вклучени во корупција

Советот на амбасадори ја поздрави одлуката на САД да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“. 

Советот на амбасадори смета дека по примерот на САД, и Европската Унија треба да создаде слични механизми за забрана на влез во Унијата или во Шенгенскиот простор за високите функционери на земјите кандидати од Западен Балкан кои се вклучени во корупција или во организиран криминал.

Мерко е ставен на „црната листа“ поради неговата вмешаност во значителна корупција додека ја извршувал актуелната функција.

Институциите на правосудниот систем, велат оттаму, треба веднаш да отворат истрага за случаите што го предизвикале Стејт департментот да постапи на овој начин, притоа користејќи ги механизмите за меѓународна соработка и меѓународна правна помош – како во случајот на струшкиот градоначалник, така и за останатите високи функционери за кои постои сомневање дека ги злоупотребиле функциите.

Треба да знаете
Последни објави