Судот во Приштина му одреди 30 дневен притвор на Миленковиќ

Судот во Приштина му одреди 30 дена притвор на Драгиша Миленковиќ, кој вчера беше уапсен во неговиот дом во селото Кишница кај Грачаница, потврди за Танјуг неговиот бранител Дејан Васиќ. Како што изјави Васиќ, Миленковиќ ќе биде префрлен во одделението за притвор во Подуево.

Миленковиќ е обвинет од приштинските институции за наводни воени злосторства, а тој беше уапсен од косовски полицајци, поради што неговата сопруга се разболе.

Треба да знаете
Последни објави