Тренчевска отпатува на дводневна меѓународна конференција во Црна Гора

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува на дводневна посета во Црна Гора заради учество на меѓународната конференцијата „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација”.

Конференцијата ја отвора претседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а домаќин на настанот е министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека. Воведно обраќање ќе има и амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора, Н.Е Зеќир Рамчиловиќ.

Министерката Тренчевска ќе се обрати на панелот „ Борбата против говорот на омраза – современа област на антидискриминацијата”.

На конференцијата учествуваат високи претставници на државите од регионот односно претставници на државите:  Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Грција, Бугарија, Молдавија, како и претставници на Советот на Европа и Делегацијата на ЕУ во земјата.

Треба да знаете
Последни објави