Приштина препорачува тие што сакаaт влез во Србија да поминат низ Македонија: 700 камиони се уште чекаат на паркинзите за да влезат во Косово

Косовската полиција уапси уште еден Србин под обвинение за воени злосторства извршени пред 25 години. За тоа време, поради актуелната криза, околу 700 камиони чекаат на паркинзи од Краљево до Јариње, бидејќи им е забранет влезот во Косово од Приштина.

Тројца косовски полицајци се уште се во притвор во Србија. Се отвори проблемот со снабдувањето на продавниците на северот на Косово.

Приштина им препорачува на сите граѓани кои сакаат да влезат во Србија да поминат низ  Македонија.

Нема индикации за волја за продолжување на дијалогот, иако поканата на Брисел за средбата меѓу Вучиќ и Курти се уште е отворена

Треба да знаете
Последни објави