Адел немало да ја купи куќата на Сталоне без статуата Роки

Адел одбила да ја купи хациендата на Силвестер Сталоне доколку не може да ја задржи неговата статуа Роки како дел од купопродажниот договор.

Поп-дивата (35) минатата година потроши неверојатни 58 милиони долари за оваа импресивна палата во Лос Анџелес и, во меѓувреме прави некои реновирања на раскошниот имот.

Сталоне (76) доби пофалби од филмските критичари за својата улога на боксерот Роки Балбоа, почнувајќи со првиот филм во 1976 година и следните продолженија, вклучувајќи ги и спин-оф филмовите „Крид“.

Веројатно сакал да ја задржи, односно дислоцира статуата со ликот што го прослави.

Но, Адел – која е свршена со спортскиот агент Рич Пол и има син Анџело (10) со поранешниот сопруг Сајмон Конецки –  не била подготвена да го стави својот потпис на хоризонталната испрекината линија без статуата.

Зборувајќи за „Волстрит журнал“, Сталоне тврди дека Адел рекла: ова ќе го уништи целиот договор.

Сепак, добитничката на „Греми“ успеала да го убеди холивудскиот акционен херој да се откаже од саканиот предмет.

А во врска со реновирањето на куќата, тој ја пофали: „Ми се допаѓа тоа што го прави, таа го прави прекрасно“.

Големата куќа со осум спални соби се наоѓа на имот од три ари.

Со површина од неверојатни 1.727 квадратни метри, домот може да се пофали со 12 бањи и долг прилаз за да се обезбеди приватност.

„Лос Анџелес тајмс“ објави дека продажната цена е речиси 50 отсто пониска од оригиналната цена на Сталоне, кој првично барал 110 милиони долари.

Во куќата има уметничко студио, домашно кино, фитнес сала, бар, па дури и соба за пури. Во дворот има голем базен, гаража за осум автомобили и куќа за гости.

Меѓу соседите се Џастин Бибер и Дензел Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави