Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за DW Македонија тврди дека „сеопфатна истрага од институциите“ за струшкиот градонаалник од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко е еуфемизам за одолговлекување, судски лавиринти, застарување на дела и саботажа на судски процеси. Сепак, според него, ДУИ е веќе кула од карти која секој ден пропаѓа
-А како ние можеме да тврдиме дека тежнееме кон ЕУ, ако имаме држава со ваков степен на корупција и интерференција на политиката во правосудството, кое ни го обелоденуваат нашите сојузници, а нашата власт тоа го прекрива и покрива, дури се преправа дека не знаела?! Затоа и ние не гледамe причина да се одѕивамe на нивниот повик за уставни измени кога тие се толку рамнодушни кон една толку важна и чувствителна тема. Европската интеграција нема смисла ако државата спонзорира корупција, вели Гаши.
Целото интервју на DW Македонија.