Почнува регионалниот проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“

Регионален проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“ ќе биде промовиран денеска во 12 часот во Дебарски Бањи Цапа, Косоврасти, Дебар.

Проектот ќе биде спроведен од ЦНВП Скопје, заедно со ЦНВП Албанија, Црна Гора и Косово, во партнерство со  Асоцијација за глобален развој (ICEP), финансиран од Австриска агенција за развој со средства на Австриската развојна соработка.

На настанот ќе се обратат заменик-министерките за земјоделство, шумарство и водостопанство и за   животна средина и просторно планирање, Вјолца Бериша и Христина Оџаклиеска, и  директорот на ЦНВП во Северна Македонија,  Нехар Рамадани, и ќе биде потпишан меморандум за соработка. 

Треба да знаете
Последни објави