Моторџија загина во судир со „ауди“ на патот Радовиш- Ораовица

Во Полициската станица во Радовиш вчера во 18.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш – село Ораовица, радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш.

Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа од Полициска станица Радовиш.

Треба да знаете
Последни објави