УЕФА ја исфли Осасуна од Конференциската лига

УЕФА ја исфрли шпанската Осасуна од настапите во третото по ранг клупско меѓународно фудбалско натпреварување Конференциската лига, поради учество во договорени средби пред десет години.

По 16 години тимот од Памплона избори пласман во еврокуповите, меѓутоа на официјалниот сајт на клубот потврдено е дека Осасуна е исфрлена од Европа поради вмешаност во местење на натпревари во сезоната 2013/14.

Тимот кој треба да ја замени Осасуна во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА е Атлетик Билбао кој заврши како осмопласиран во Ла Лига, едно место под тимот од Памплона.

Тоа што во меѓувреме е променето раководството на Осасуна, не беше олеснителна околност. Малиот шпански клуб најави жалба на оваа одлука на УЕФА и јавно искритикува: „Се правите силни пред слабите, а слаби сте пред силните“.

Со ова Осасуна алудира на фактот што УЕФА изрекува казни само за малите екипи, а не ги казнува гигантите иако и тие прават прекршоци, едни од примерите се Манчестер сити против кои имаше постапки и поминаа само со парична казна, како и Јувентус за кој има само закани, но никогаш и конкретна казна.

Треба да знаете
Последни објави