Руски хеликоптер разнесе складиште за гориво во Воронеж каде се стационирани трупите на Вагнер

Има извештаи дека руските воздухопловни сили погодиле складиште за гориво во центарот на вооружениот бунт на Вагнер.

Како што може да се види од видаата на социјалните мрежи руски хеликоптер разнесе складиште за гориво во Воронеж.

Претходно, руски безбедносен извор за Ројтерс изјави дека борците на Вагнер ја презеле контролата врз воените објекти во Воронеж, град на околу 500 километри јужно од Москва.

Се претпоставува дека нападот е извршен за да се спречи возилата на Вагнер да се наполнат со гориво во евентуален напад врз Москва.


Гувернерот на руската област Воронеж изјави дека службите за итни случаи се обидуваат да изгаснат запален резервоар за гориво во складиште за нафта.

На терен се повеќе од 100 пожарникари, објави Александар Гушев на Твитер.

https://twitter.com/KyivPost/status/1672549771368714241/history

Треба да знаете
Последни објави