Невреме проследено со обилни врнежи од дожд, град и електрични празнења попладнево го зафати Охридскиот регион.
Како што може да се види од видеата, силниот дожд пропратен со силен ветер ги поплави улиците. Истовремено падна и град со големина на лешник. Невремето веројатно предизвика големи штети на земјоделските култури, кои допрва ќе се согледуваат.