(Видео) Руски хеликоптер избегна ракета од Вагнер, друг разнесе автобус на платениците


Состојбата во Русија е се понапната откако силите на Вагнер тргнаа кон Москва. На видео објавено на социјалните мрежи, кое наводно е снимено во Воронеж каде се стационирани трупите на Пригожин, се гледа како ракета истрелана од платеничката војска напаѓа хеликоптер на руската армија.

Со помош на мамки, хеликоптерот ја избегна ракетата, која експлодирала во воздух, недалеку од камерманот.
На социјалните мрежи беа објавени и снимки од колона тенкови, оклопни возила и противвоздушни системи, наводно на Вагнер, кои се движат кон Москва.
До вечерва тие би требало да стигнат до руската престолнина.

Сепак, засега не е јасно која е точно целта на Пригожин, со оглед на тоа што е тешко да се очекува колоната возила да стигне до Москва и да го окупира градот.

Хеликоптери на руската армија, пак, отворија оган врз конвојот на Вагнер, кој се движел по автопатот М4 надвор од градот Воронеж, јавува Ројтерс. На видео се гледа дека е разнесен автобус пред колоната воени возила на Вагнер, но не е познато дали е цивилен, или и тој е на Пригоин натоварен со платеници.

Претходно на социјалните мрежи се појави снимка од хеликоптер кој разнесе магацин за нафта во Воронеж, откако во него влегле војници на Вагнер.

Треба да знаете
Последни објави