Мајката на Коста сакала да избега во Македонија, ја сопреле на границата

Мајката и сестрата на Коста Кецмановиќ, тринаесетодишникот кој изврши масакр во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска попладне се обиделе да ја напуштат Србија.

Според српските медиуми, жената се обидела да ја напушти државата преку граничниот премин Прохор Пчињски кон Северна Македонија, но полицијата веднаш ја спречила.

Инаку, Вишиот суд во Белград донесе одлука со која и определи привремена мерка забрана на мајката да продаде или подигне хипотека на недвижен имот во нејзина сопственост.

Бидејќи мајката на момчето не одговара кривично за делото што го сторил нејзиниот син, родителите на настраданите преку своите адвокати решиле против неа да поднесат граѓанска постапка во вид на нематеријална штета, за душевна болка и смрт на дете, а еден од обвинетите навел во својот предлог и дека мајката одговара за штетата што нејзиниот син ја направил на тие лица и дека таа е одговорното лице за него. Затоа во барањето се бара и да и се изрече привремена мерка конфискација на имот што е во нејзина сопственост. Конретно мајката на момчето може да го користи нејзиниот имот, но не може да го продаде.


Да потсетиме, на таткото на момчето, кој е во притвор, пред две недели му беше изречена привремена мерка за обезбедување на имотните побарувања, па му е забрането да располага, отуѓува и оптоварува недвижен и движен имот – стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и автомобил.

Оваа мерка за конфискација на имотот на мајката и таткото е различна, бидејќи таткото се гони, а против мајката е поведена граѓанска постапка.

Треба да знаете
Последни објави