На платениците на Вагнер им е ветена амнестија доколку го остават оружјето

На платениците на Вагнер им е ветена амнестија доколку го остават оружјето, но тоа мора да го сторат наскоро, изјави руски парламентарец, а пренесе агенцијата ТАСС.

„Вагнеровите борци сè уште можат да го положат оружјето и да избегнат казна со оглед на нивните достигнувања за време на специјалната воена операција (во Украина), но треба да го направат тоа брзо“, рече пратеникот Павел Крашениников, пренесува ТАСС.

Путин во саботата потпиша закон со кој се предвидува 30-дневен притвор за прекршување на полицискиот час на местата каде што е воведен, јави агенцијата РИА.

Водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, кој во последните месеци постојано го критикуваше министерот за одбрана Сергеј Шојгу, во петокот објави дека неговите сили тргнуваат на „марш за правда“ кон руската престолнина.

Француската новинска агенција АФП, повикувајќи се на воениот блогер Рибар, објави дека бунтовничките сили го поминале градот Јелец во областа Липецк, на околу 340 километри јужно од Москва.

Властите во регионот Липек потврдија дека силите на Вагнер влегле во регионот во саботата попладне.

Во меѓувреме, силите на Пригожин ги зазедоа Ростов на Дон и Воронеж и напредуваат кон Москва.

Треба да знаете
Последни објави