Претседателскиот авион на Путин полета од Москва за Св. Петербург

Претседателскиот авион на Путин наводно летал од Москва до Св. Петербург, објави на Твитер советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко.

Истото го пренесува и агенцијата NEXT, наведувајќи дека авионот полетал во 14 часот и 16 минути по московско време. По некое време, авионот исчезна од Flightradar.

NEXT вели дека исчезнал од радарите во близина на градот Твер, областа каде што се наоѓа една од резиденциите на Путин.

Засега ниту еден од западните медиуми или најпознатите агенции како АП, АФП или Ројтерс не ја објави информацијата.

Треба да знаете
Последни објави