Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да ја деескалира ситуацијата во Русија по разговор со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти кабинетот на белорускиот претседател.
Во соопштението, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија.
На маса е и договор за гарантирање на безбедноста на војниците на Вагнер, пренесува Скај Њуз.
Александар Лукашенко е близок соработник на Владимир Путин и разговарал со Прогожин во договор со рускиот претседател, се вели во соопштението.
Пригожин објави аудио порака во која потврдува дека неговите борци се враќаат во своите бази за да „избегнат крвопролевање“.
-Сакаа да го растурат Вагнер. На 23 јуни тргнавме на „Маршот на правдата“. За еден ден марширавме на само 200 километри од Москва. За тоа време не капна ниту една капка крв од нашите борци. Сега дојде моментот кога можеше да се пролее руска крв. Сфаќајќи ја целата одговорност за тоа дека ќе се пролее руска крв, решивме да ги свртиме колоните и да тргнеме во спротивна насока, во нашите теренски кампови, по Планот за Договор, рече Пригожин, осврнувајќи се на планот меѓу него и Лукашенко кој треба да биде официјален.деклариран.
⚡️The full statement of Lukashenko's press service on the situation around Wagner PMC:
— War Monitor (@WarMonitors) June 24, 2023
"This morning, Russian President Vladimir Putin briefed his Belarusian counterpart on the situation in southern Russia with the private military company Wagner. The heads of state agreed on…