Пригожин оди во Белорусија, кривичната постапка против него ќе биде запрена

Кривичната постапка против шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евргениј пригожин ќе биде отфрлена, а тој ќе замине во Белорусија, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пескови.

Претходно во саботата утрото по изјавите со кои го објави бунтот на „Вагнер“, руската внатрешна разузнавачка агенција Федералната служба за безбедност (ФСБ) отвори кривична постапка против Евгениј Пригожин за дело „вооружен бунт“ и порача дека неговите изјави се „повик на започнување вооружен граѓански судир на руска територија“.

Протпаролот на рускиот претседател Владимир Путин притоа не прецизираше што Пригожин ќе прави во Белорусија која е најблизок сојзуник на Русија со којашто има договр за сојузна држава од 1990-те години.

Претходно кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека, по консултациите со рускиот претседател има разговор со Евгениј Пригожин кој се согласил да ги запре конвоите на „Вагнер“ кои се упатија кон руската престолнина Москва и да преземе дополнителни чекори за деескалација на тензичната ситуација започната ноќта кон саботата откако шефот на привантната воена формација објави дека единиците се префрлиле од Украина во Русија го заземале штабот на Јужниот воен округ и се упатиле кон Москва на „марш на правдата“ со цел да го сменат рускиот воен врв со кој тој со месеци е во лична конфронтација.

Како што објави кабинетот на Лукашенко „на масата е погодна и прифатлива опција за решавање на ситуацијата, со безбедносни гаранции за борците на групацијата“. Како што претходно беше најавено, тоа вклучува амнестија за борците на „Вагнер“ кои не извршиле кривични дека во изминатите 24 часа од почетокот на бунтот и не учествувале во организирањето на она што претседателот Путин го нарече „предавство предизвикано од преголеми амбиции и лични интереси“.

Припадниците на побунетата приватна паравоена формација „Вагнер“ започнаа да се повлекуваат од јужниот руски град Ростов на Дон во саботата вечерта откако по полноќ минатата вечер извршиле препад во објектот, вклучително и од седиштето на штабот на Јужниот воен округ. Од територијата на штабот претходно се повлече и масата жители на Ростов на Дон која во обидот да ги блокира единиците на „Вагнер“.

Треба да знаете
Последни објави