Кадиров го поддржа Путин, Чеченците се веќе во Ростов да го потиснат бунтот на Вагнер

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров најави распоредување на војници за поддршка на Кремљ против, како што рече, вооружениот бунт на платеничката група Вагнер, јави ДПА.

„Борците од Министерството за одбрана и Националната гарда на Чеченската Република веќе заминаа во тензичните области. Ќе сториме се за да ја зачуваме единството на Русија и да ја заштитиме нејзината државност“, напиша денеска Кадиров на својот канал на апликацијата Телеграм.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно имаше излагање на државната телевизија, во кое оцени дека станува збор за вооружен бунт и најави дека ќе ги казни организаторите.

Борците на единицата „Ахмат“ пристигнаа во Ростов на Дон за да го потиснат бунтот на групата Вагнер.

Единицата „Ахмат“, која многумина ја нарекуваат приватна војска на лидерот на Кадиров, веќе е во Ростов. На социјалните мрежи се гледаат оклопни возила, лични автомобили и воени камиони на „Ахмат“ низ улиците на Ростов.
Наводно, околу 200 војници биле испратени во Ростовската област за да ги „разоружаат вагнерските борци“.

Наводно, платениците на Вагнер поставуваат мински бариери во центарот на Ростов на Дон.

Треба да знаете
Последни објави