Платениците на Вагнер слават оти ќе се повлечат во своите бази

Војниците на Вагнер, кои моментално се наоѓаат во Ростов на Дон, се подготвуваат да се повлечат откако нивниот шеф Евгениј Пригожин им наредил да се вратат во своите бази.

Најновото видео покажува како борците слават откако Пригожин објави аудио порака со која ја потврдува деескалацијата на ситуацијата.

Утринава групата на Вагнер наводно ја презела контролата врз споменатиот град, кој бил центар на инвазијата на Украина.

– Момци, да се спакуваме и да си одиме дома – вели лик во видеото.

Треба да знаете
Последни објави