Два швајцарски града одлучија минимална плата да ја покачат на 4.075 евра

Два швајцарски града – Цирих и Винтертур – воведуваат минимална плата која ќе изнесува 23,9 односно 24 франци на час. Така, тие се приклучуваат на групата провинциски кантони кои веќе ги регулирале најниските можни примања на вработените граѓани.

Минималната плата е вообичаено решение во западните либерални демократии, но минималните плати што ги воведоа Цирих и Винтертур предничат според нивната висина. Станува збор за сума од околу 4.000 швајцарски франци месечно, што е околу 4.075 евра, наведува Јутарњи лист.

За споредба, минималната плата во Германија е 2,7 пати помала отколку што ќе биде во Цирих и Винтертур. Впрочем, 4.075 евра од загарантираната минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која е 3.810 евра месечно.

Политичката поддршка за одлуката за висока минимална плата е повеќе од јасна; во Цирих ја поддржуваат 70 отсто од граѓаните, во Винтертур 65,5 отсто. Иницијативата за покачување на минималната плата ја водеа левите партии со тезата дека тие што работат многу мора пристојно да заработуваат.

SRF пишува: „Оливер Хајмгартнер, потпретседател на СП Stadtzürcher, е воодушевен: „Тоа е голем успех. Оваа минимална плата ќе им помогне на 17.000 луѓе во градот Цирих кои моментално заработуваат 20 или 21 франк на час““.

Во Винтертур, одговорниот градски советник Нилолас Галад (СП) беше изненаден од резултатот.

„Ова го прифаќаме како наредба и сега почнуваме да го спроведуваме“, вели Галад.

Градскиот совет на Винтертур првично поддржа поумерен контра-предлог на иницијативата за минимална плата. Кога тоа пропадна во парламентот, владата се изјасни за иницијативата „Животна плата“.

„Има уште многу да се разговара овде“, се согласува Дезире Шјес, претседател на Здружението за мали и средни претпријатија Винтертур. Треба внимателно да се разгледаат и правните прашања.

„Ја прифаќаме оваа демократска одлука, но размислуваме и дали сакаме да преземеме правни мерки против неа.

Само во Цирих околу 17.000 луѓе заработуваат помалку од 4.000 франци месечно. Тоа главно ги погодува работниците во секторите како малопродажба, чистење или гастрономија.

Треба да знаете
Последни објави