Почна новото 12. издание од ликовната колонија „Вевчански видувања“

Со концерт на Калиопи и Владо Јаневски и со стенд ап перформанс на Сашко Коцев, во ресторанот „Виа Игнација“, свечено беше отворено дванаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија Вевчански видувања, која ќе се одржи од 24 јуни до 09 јули. 

„Оваа година на Колонијата учество ќе земат преку 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји. Истовремено, како дел од Меѓународната ликовна колонија се организира и Летната ликовна школа за деца, во чии рамки повеќе од 40 млади дечиња и идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност”, порача Ефимија Угриновска Кукоска, .

Почнувајќи од 2010-та, секоја година традиционално на крајот на месецот јуни се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, вчера на свеченото отворање, на академскиот сликар Ставре Димитров му беше доделено признанието „Порта“ за исклучителен придонес за развојот на уметноста.

Треба да знаете
Последни објави