Маричиќ: Патриотите интегрираат, националистите изолираат

Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната трибина „Рeзултати што прават разлика”, на тема „МК во ЕУ до 2030″, направи паралела на политиките и однесувањето на опозицијата, велејќи дека суштинската разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е исто како разликата помеѓу патриоти и националисти.

-Патриотите сакаат, националистите мразат, патриотите градат мостови, националистите рушат, патриотите се интегрираат, националистите се изолираат, рече Маричиќ.

Тој додаде дека СДСМ и социјалдемократите секогаш биле патриоти, а еден голем дел од ВМРО-ДПМНЕ беа и останаа националисти, кои на евроинтеграцијата гледаат како тема за добивање политички поени, тема за избор, илузија и нереалност.

Трбината „МК во ЕУ до 2030″,во организација на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ, во НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово.

Треба да знаете
Последни објави