Парламентарни избори во Грција

Утрово од 7 часот во Грција почна гласањето за 9.813.595 граѓани со право на глас за вонредните парламентарните избори во земјата.

Гласањето е од 7 часот утрово до 19 часот по локално време, а е задолжително за сите граѓани со право на глас, со исклучок на оние кои не се во земјата или се на возраст од над 70 години.

На изборите учествуваат 26 партии, четири коалиции и два самостојни и независни кандидати.

Традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 20.30 часот по локално време.

Треба да знаете
Последни објави