Српскиот репрезентативец Борзаш нов ракометар на Еурофарм Пелистер

 Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за новата сезона со српскиот репрезентативец Урош Борзаш со кого потпиша договор на две години.

Борзаш, како што соопшти синоќа битолскиот клуб, доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер од Норвешка, каде изминатите две сезони го носеше дресот на Елверум и настапуваше во Лигата на шампиони.

Претходно во кариерата 23-српскиот репрезентативец беше член на Веспрем, Татабања и Тулуз.

Промоцијата на Борзаш во зелено – белиот дрес е предвидена на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер во Битола. ег/ев/

Треба да знаете
Последни објави