Шпанската ѕвезда Карлос Алкараз повторно се враќа на првото место на АТП-листата и го симна Новак Ѓоковиќ од тронот после освојувањето на Ролан Гарос од страна на Србинот, откако младиот Шпанец денеска го освои Квинс со триумфот во финалето против Алекс Де Минро во два сета.
Алкараз пред Вимблдон повторно е број еден и тоа утре ќе биде потврдено на рангирањето на АТП, а денеска славеше со 6-4, 6-4 во подготвителниот АТП-турнир на трева во пресрет на третиот годинешен гренслем на „Ол Ингланд Клубот“, неофицијалното светско тениско првенство.
Шпанецот со овој триумф сега ќе има 7.675 поени, а Ѓоковиќ останува на 7.595 бодови.