СДСМ инвестира во развој и модернизација на земјоделството и силно ги поддржување земјоделците. Со државна финансиска поддршка за земјоделците се доделуваат одобренија за 730 земјоделци, за набавка на трактори.
Распишаните четири јавни повици минатата година, меѓу кои и за поддршка при набавка на трактори, имаат рекордна заинтересираност досега.
Ова значи доверба на земјоделците во искрените заложби на Владата на СДСМ да ја помогне и унапреди земјоделската дејност, преку сите механизми што ни се на располаѓање.
Тоа е поддршката преку државниот буџет, како и преку ИПАРД програмите, преку коишто создаваме современо, модерно, профитабилно, конкурентно, македонско земјоделство.
Преку одговорниот пристап на работа на Владата и надлежното Министерство за земјоделие, за прв пат од независноста на државата СДСМ го постави земјоделствотомеѓу приоритетните развојни дејности а постигнавме и низа конкретни резултати.
Модернизацијата на македонското земјоделство покрај овој повик за набавка на трактори ја реализираме и преку поддршката за набавка на силоси, потоа преку поддршката во изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка.