Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.
-Ќе важи од 13 до 15 часот. Тоа е максимум што можеме да направиме. Евтината тарифа ја воведуваме поради сигналот на цената на електричната енергија. Цената на електрична енергија осум месеци наназад е пониска, додаде Бислимоски.
Тој посочи дека ова е сигнал за ЕСМ и ЕВН да ги интензивираат набавките на електрична енергија.
-Треба да се навикнеме и да се приспособуваме на новото време“, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Тој додаде: „Македонија беше соочена со енергетска и ценовна криза. Имаше драстично зголемување на цените. Успеавме во најголем дел да се справиме со оваа криза“.
Бислимоски смета дека во декември цените на електричната енергија биле намалени.
„За малите потрошувачи ги намаливме 20 проценти, за домаќинствата без ДДВ – 3 проценти“, додаде Беслимовски.