Институтот за политики во животната средина и климатските промени (IPECC – ИПЕК) од Скопје денеска организира јавна дебата за презентација на Извештајот од јавната кампања „Кажи и направи нешто зелено“ подготвен во рамки на истоимениот проект.
Како што соопшти ИПЕК, во Извештајот е анализирана реакцијата и перцепцијата на граѓаните во Република Северна Македонија за животната средина и климатските промени, нивното познавање и разбирање на специфични еколошки прашања и осврт на нивната подготвеност односно во колкав обем се спремни да преземат активност или акција за да се вклучат во решавање конкретни еколошки проблеми со кои се соочуваат во секојдневието.
Во вториот дел на настанот, преку модерирана дискусија, присутните ќе имаат можност да ги искажат своите ставови и мислења во однос на клучни прашања за заштита на животната средина и превенција од климатските промени.
Проектот е финансиран од ЕУ во рамки четвртиот повик за предлог-проекти на Фондот за Западен Балкан, а се спроведува од SEDA (Sustainable Economyc Development Agency) од Албанија како водечки партнер, ENM (Ecological Network of Montenegro) од Црна Гора, како проектен партнер 1, и IPECC (ИПЕК) како проектен партнер 2.