Јасикевичус си замина, Гримау е нов тренер на Барселона

Иако велеше дека ќе остане и за 10 проценти од платата што ја земаше досега, Шарунас Јасикевичиус ја напушти Барселона. И веднаш доби замена- нов тренер на „блауграна“ е Роџер Гримау, кој потпиша двегодишен договор.

Гримау никогаш не бил голем кошаркар, но имал лидерски способности, поради што во 2010 година беше капитен на последниот тим на Барселона кој ја освои Евролигата.

Во претходните две сезони раководеше со вториот каталонски тим Барса Атлетико, но никој не можеше ни да претпостави дека ќе добие шанса да го води првиот тим.

Додека Литванецот беше на „тенок мраз“, се споменуваа бројни имиња како негови можни наследници, пред се Чави Пасквал и Андреа Тринкјери, но се чинеше дека Јасикевичиус ќе остане.

Титулата во шпанското првенство освоена против Реал требаше да му донесе нова шанса, но наеднаш дојде до раскол…

Треба да знаете
Последни објави