Украинската влада денеска го прекори градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по критиките што им ги упати на градските власти за состојбата на засолништата и за смртта на три лица кои не можеа да влезат во засолниште и беа оставени на улица за време на руски воздушен напад.
Владата соопшти дека ги отпуштила началници на два киевски воени окрузи и двајца нивни заменици.
Не е јасно дали поранешниот боксер Кличко ќе има некакви дополнителни последици.
Неговата политичка иднина стана неизвесна откако претседателот Володимир Зеленски ги критикуваше градските власти во врска со инцидентот на 1 јуни, во кој две жени и едно девојче беа убиени во воздушен напад, откако трчале кон засолниште што било заклучено.
По инцидентот, Зеленски нареди ревизија на сите засолништа и најави промени во управувањето со нив.
Ревизијата покажа дека само 15 отсто од 4.655 засолништа во Киев се задоволителни, а само 44 отсто се достапни.