Аеродромски работник во САД кој беше вшмукан од авионски мотор извршил самоубиство

Работникот на аеродромот во Сан Антонио, Тексас загина откако минатата недела бил вшмукан во моторот на авион на „Делта eрлајнс“.

Несреќата се случила додека авионот, кој штотуку пристигнал од Лос Анџелес, се движел кон терминалот за пристигнување, соопшти американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот.

НТСБ тврди дека работникот бил вшмукан од запален мотор на авионот на „Делта ерлајнс“. Подоцна беше објавено дека работникот всушност извршил самоубиство. Тој беше вработен во фирма која обезбедува услуги за „Делта“ и за други авиокомпании.

„Длабоко сме тажни поради овој инцидент. Нашата прелиминарна истрага покажа дека смртта на работникот не е поврзана со нашите оперативни процеси, безбедносни процедури и политики“, соопшти „Унифи авијација“.

Треба да знаете
Последни објави