Во април целата потрошена струја произведена во домашни капацитети

Во април годинава во земјава вкупно се потрошени 575 829 мегават часови електрична енергија, 35,898 милиони нормални кубни метри природен гас, 461.047 тони јаглен и 93.326 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија во април е од домашното производство, додека 99,1 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.

Треба да знаете
Последни објави