Вечерва масовна тепачка во Карпош по сообраќајна несреќа

Групна тепачка во која учествувале две групи се случила вечерва во скопски Карпош. Според неофицијалните информации кои се пренесуваат, тепачката се случила oткако малолетен пешак бил прегазен вечерва во скопската населба Карпош 4, кај Трговскиот центар „Антико“ дошло до кавга која потоа прераснала во физичка пресметка со боксови и клоци, пренесува „Макфакс“.

Според неофицијални информации, пешакот е вон животна опасност и во добра состојба. На местото има полиција, а се очекуваат официјални информации од МВР.

Треба да знаете
Последни објави