ЕП: Сецесионистичките потези на раководството на Република Српска ја дестабилизираат БиХ

Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ) усвои извештај за Босна и Херцеговина, во кој се наведува дека запаливата реторика и сецесионистичките потези на раководството на Република Српска ја дестабилизираат земјата и го загрозуваат нејзиниот пристап до фондовите на ЕУ.

Во извештајот, усвоен вчера со 63 гласа „за“, девет „против“ и три „воздржани“, се наведува дека БиХ се уште е „длабоко поделена“ и дека потезите на врвот на Република Српска се во спротивност со европската перспектива на земјата, објави АФЕТ.

Институциите на ЕУ се повикани да воведат насочени санкции против актерите кои придонесуваат за дестабилизација во Босна и Херцеговина, а се осудува и „злонамерното мешање на странски актери“ во внатрешните работи на земјата, со акцент на руските дејствија на Западен Балкан.

Во извештајот, чиј автор е известувачот на ЕП за БиХ, Пауло Рангел, европратениците ја повикуваат БиХ да ја подобри подготвеноста за пристапни преговори со ЕУ, а Унијата да го забрза пристапниот процес на земјата, за кој нагласуваат дека мора да се заснова на заслуги. 

Треба да знаете
Последни објави