Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на турнир од светската-премиер лига

 Шест членови на скопскиот клуб „Макпетрол“ ќе учествуваат на турнир од светската младинска, карате премиер-лига што ќе се одржи во Пореч, Хрватска.

Како што информираат од клубот, на овој силен меѓународен собир, којшто почнува утре и ќе трае до втори јули, се пријавени 3.193 спортисти од 72 држави.

Оваа младинска лига е највисоко рангирано првенство од Светската карате- федерација (WKF).

Карате-клубот „Макпетрол“ во Пореч ќе го претставуваат Јована Мицовска (постара јуниорка, У21, -61 кг.), Викторија Јовановска (постара јуниорка, У21, -61 кг.), Стефан Стојановиќ (постар јуниор, У21, +84 кг.), Витомир Трајковски (постар јуниор, У21, -84 кг.), Димитар Лозановски (постар јуниор, У21, 75 кг.) и Данило Божовиќ (постар јуниор, У21, -84 кг.).

На овој натпревар спортистите ќе ги предводи тренерот Петар Заборски.

Треба да знаете
Последни објави