Нетанјаху му ја честитал победата на Мицотакис и се договориле набргу да се сретнат

 Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, кој му се јавил да му честита за победата на изборите, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, „за време на разговорот двајцата премиери ја потврдиле волјата за дополнително зајакнување на билатералните односи и се договориле набргу да се сретнат“.

Мицотакис вчера, како што објави МИА, телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен со кој „ја истакнале потребата за задржување на стабилноста во Источниот Медитеран“, додека пак во понеделникот и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германскиот канцелар Олаф Шолц, исто така му се јавиле грчкиот премиер за да му ја честитаат победата на изборите во неделата.

Треба да знаете
Последни објави