Тинејџер избоден до смрт, безживотното тело извлечено од канал

Безживотно тело на 17-годишен тинејџер е извлечено од каналот „Гранд Унион“ во Лондон.

Како што се наведува, тинејџерот бил избоден и фрлен во каналот, а истрагата се уште е во тек.

Иако брзата помош веднаш пристигнала на местото на злосторството, можела само да констатира смрт.

„Полицијата беше повикана околу 17.45 часот во неделата на 25 јуни за да пријави дека маж се здобил со убодна рана во канал во близина на Скрабс Лејн“, соопшти полицијата.

Понатаму изјавија дека за трагичниот настан е информирано семејството на жртвата.

„Се уште немаме апсења, па се уште се трага по околностите кои довеле до ова убиство“, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави