Маричиќ за Курбан Бајрам: Зајакнување на единството за подобра иднина на сите

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, упати честитки  до граѓаните од исламска вероисповед, по повод денешниот празник Курбан Бајрам.

– Курбан Бајрам е време на зајакнување на свеста за правење жртва за она што е минливо во корист на трајните вредности и поголема цел. Затоа, нека овој голем празник биде дополнителен поттик за зајакнување на нашите човечки и духовни вредности, пријателски и семејни врски, меѓусебна солидарност, но и за зајакнување на единството како темел за врз кој ќе изградиме подобра и посветла иднина за Северна Македонија и за сите што живеат во неа, вели Маричиќ во честитката.

Треба да знаете
Последни објави