Поранешниот НФЛ-играч Рајан Малет се удави за време на одморот во Мајами. Американските медиуми пишуваат дека силните струи го повлекле и потоа не можел да се врати на брегот.
Спасувачите го извадиле неговото безживотно тело од водата, а обидите за реанимација биле неуспешни, додека смртта била констатирана во болница.
Рајан имаше 35 години и во текот на кариерата играше за Њу Ингланд, Хјустон и Балтимор.