Бужаровска за Ќулавкова: Ги обвини Албанците дека шират ковид, а сега протестира против правата на жените

Писателката и професорка на Филолошкиот факултет, Румена Бужаровска, преку социјалните мрежи реагираше на присуството и на настапот на академик Катица Ќулавкова на денешниот протестен собир организиран од МПЦ-ОА против предлозите за закони за матична евиденција и за родова еднаквост, за кои тврдат дека се сериозна закана за општеството и семјеството.

„Да ве потсетам: кога почна пандемијата, Ќулавкова ги обвини Албанците дека шират зараза, со „поетскиот” твит „Цената на соживотот ја плаќаме со животот”. Сега стои во прв ред на протест против родова еднаквост, значи против правата на жените. Оваа жена е членка на македонскиот, и што е уште пострашно, стои како потпретседател на меѓународниот ПЕН, кој се залага за човекови права, додека таа промовира фашизоидна идеологија и шири говор на омраза. Еднаш реагирав за ова, ќе реагирам пак. Време е академската заедница да се истакне во јавноста со членови достојни за својата професија“, напиша Бужаровска.

Ќулавкова на протестот порача дека новиот предлог-закон за родова еднаквост „се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи. Таа рече дека во самиот закон за родова еднаквост се мешаат категорите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив.

Треба да знаете
Последни објави