Милошоски: Како држава кон ветувањата, подобро е да сме претпазливи, отколку повторно разочарани

За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц, дека “нема да има нови услови од Бугарија” освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија.
Затоа, како држава кон ветувањата од ЕУ, подобро е да сме претпазливи, отколку повторно разочарани.

Треба да знаете
Последни објави