У18: Македонските кошаркари подобри од Црна Гора

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години го забележа првиот триумф на Меѓународниот турнир „Боби Петковски“, совладувајќи ја во второто коло селекцијата на Црна Гора со 70-67.

Во неизвесен натпревар во вторникот вечер во салата „26 Април“ во Гевгелија, македонските кошаркари имаа минимална предност на полувремето (34-33), а и покрај осцилациите во играта во вториот дел на крајот успеаја да слават победа.

Македонските кошаркари во воведниот натпревар на меѓународниот турнир во Гевгелија  во понеделникот загубија од Грција, а противник во денешното последно коло ќе им биде Израел.

Треба да знаете
Последни објави