„Волстрит џурнал“: Кинескиот шпионски балон користел американска технологија

„Волстрит џурнал“ повикувајќи се на прелиминарните резултати од истрагата објави дека кинескиот шпионски балон што прелета над САД на почетокот на годината користел американска технологија за собирање аудио-визуелни информации.

– Анализата на неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции покажа дека балонот носел комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема за собирање фотографии, видеа и други информации што ги пренесувал во Кина, наведува „Волстрит џурнал“.

Весникот истакнува дека се потврдува заклучокот дека леталото било шпионско, а не за метеоролошки цели, како што тврди Кина.

– Сепак, се чини дека балонот не испратил податоци до Кина за време на осумдневниот прелет на Алјаска, Канада и некои други земји, истакнува „Волстрит џурнал“.

Во февруари, САД соборија балон кој леташе над чувствителни воени објекти, што предизвика дипломатска криза. 

Треба да знаете
Последни објави