Двајца загинати во престрелка пред Конзулатот на САД во Саудиска Арабија

Две лица загинаа во вчерашниот вооружен инцидент пред Конзулатот на САД во Џеда, потврдија саудиски и американски претставници.

Во инцидентот загинаа чуварот на Конзулатот, кој беше од Непал и напаѓачот.

Едно лице во автомобил застана во близина на зградата на Американскиот конзулат во провинцијата Џеда и излезе со огнено оружје во рака. Размената на оган резултираше со негова смрт, изјави портпаролот на регионалната полиција Мека.

Стејт департментот соопшти дека во престрелката не се повредени американски.

Конзулатот на САД во пристаништниот град на Црвеното Море, каде живеат повеќе од 4,7 милиони луѓе, и претходно беше цел на насилство. 

Треба да знаете
Последни објави