Дарко Каевски од редовите на владеачката СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека постапката за уставни измени се очекува да отпочне во првата половина на следниот месец.
– Согласно роковите се очекува во јули да започне постапката за уставните измени. Ќе започне постапката, но првото гласање ќе биде согласно процедурите и роковите во Собранието. Ние сме оптимисти согласно последниот став од лидерската средба, променетиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека е подготвено да влезе во влада под одредени услови кои за нас се прифатливи. Очекуваме во наредните денови дијалогот да продолжи согласно што и Ковачевски и Мицкоски овие денови беа во посета на меѓународни странски политичари кои се директно вклучени во овие процеси. Очекувам разговорите да продолжат на линија СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ и она каде застанавме на лидерската средба со конкретни чекори ќе пристапиме и ќе дојдеме до потребните 80 пратеници, потребни пред првото гласање. – рече Каевски.