ВМРО-ДПМНЕ: Мерко е на црна листа, а Ковачевски не смее да му побара одговорност, фали уште да го моли да им дозволи на институциите да вршат увид на документите

Тоа што Рамиз Мерко се најде на црната листа, е само врвот на сантата мраз на криминалот и корупцијата на оваа власт на ДУИ и СДС. За да ги собере сите прекршувања на законот, матни зделки, местени тендери, партизирања на судството, лични богатења и слично не треба црна листа, туку цел еден црн тефтер.
Молкот на Ковачевски уште еднаш потврдува дека тој е безгласна буква во власта, ниту смее да критикува, а камо ли да побара одговорност од Мерко. Тоа ја покажува целата потчинетост на СДС и Ковачевски во односот со ДУИ и нивните функционери. Фали уште Ковачевски да го моли Мерко да им дозволи на институциите да направат увид на документацијата. Тоа е резултатот на уништениот систем и заробените институции.
Но се е веќе разголено. Нема ден да помине, а да не добие власта шлаканица за нивната корупција и криминал. Светот ги разбра веќе дека се шампиони по мафијаштво и по урнисување на правната држава.  
Сега и ДУИ и СДС може да вртат да сучат, но ништо не ги спасува. Следи и политичка и кривична одговорност за сите криминали за оваа власт.

Треба да знаете
Последни објави