Официјално: Партизан и Ц. Звезда и следната сезона ќе играат во Евролигата!

Евролигата соопшти дека сите 18 екипи од минатата сезона ќе останат во кошаркарско натпреварување и следната сезона, а тоа значи дека српските екипи Партизан и Црвена Звезда ќе бидат дел од елитата барем уште една година.

Раководството на Евролигата соопшти и дека ќе следи промена во системот на натпреварување, односно првите шест екипи ќе се пласираат директно во плејофот, додека од седмо до десетто место ќе се борат преку плеј-ин да изборат завршница на турнирот.

Учество во натпреварувањето во следната сезона ќе земат Алба Берлин, Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Црвена Звезда, Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Асвел, Макаби Тел Авив, Панатинаикос, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус Болоња и Жалгирис.

Треба да знаете
Последни објави