Премиерот Ковачевски ја завршува дводневната официјална посета на Берлин

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ја завршува дводневната официјална посета на Сојузна Република Германија.

Владината делегација претпладнево ќе одржи средби со претставници на здруженија кои работаат во Германија, а во 11 часот во просториите на македонската амбасада во Берлин, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција.

На првиот ден од официјалната посета на Берлин, премиерот Ковачевски оствари тет-а-тет средба со германскиот канцелар Олаф Шолц со кого разговараа за актуелни политички теми значајни за државата и регионот. Домаќинот Шолц за македонската државна делегација синоќа приреди вечера.

Треба да знаете
Последни објави